За промена на државната химна е задолжена новоформирана собраниска комисија, јавува агенцијата Кабар. Сегашната химна, усвоена по падот на СССР во 1991 година, е идентична со советската химна и застарена бидејќи, според претседателот Садир Јапаров, таа само ја слави независноста, додека Киргистан е земја со историја стара 5.000 години.
Јапаров затоа оваа есен повика „да се напише химна која ќе ги инспирира младите и идните генерации“. Претседателот на собранието Нурлан Чакиев рече дека новата химна ќе биде готова до април и ќе биде лесна за пеење, за сите на возраст од пет до 95 години.
По падот на СССР, Киргистан не започна политика на декомунизација, а спомениците на Владимир Илич Ленин сè уште можат да се видат низ планинската земја, иако некои места и градови се преименувани. Исто така, во земјата каде што рускиот сè уште е официјален јазик, се посилно се промовира киргистанскиот јазик.
Овие мерки беа посериозно иницирани по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Минатата година беше променето и знамето, на кое сега има жолто сонце со стилизирана илустрација на покривот (тундук) на традиционален киргистански шатор (јурта) кога се гледа од внатрешноста.