четврток, 12 декември 2024

Владата донесе одлука дополнително да се поддржи откупот на оризот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска објави дека е решен откупот на ориз. Донесена е одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз, а оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

„По интензивните средби кои ги имавме заедно со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Цветан Трипуновски периодов се пронајде решение за откупот на оризопроизводителите. Се донесе одлука дополнително да се поддржи откупот со по 6.000 денари за 1.000 килограми откупена оризова арпа наменета за извоз. Плус на ова оризопроизводителите ќе добијат субвенции од 18 илјади денари од хектар за тековната 2024 година“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Според него, ова е конкретна и многу добредојдена поддршка за земјоделците, бидејќи како што вели, на овој начин, се решаваат проблемите и продолжува борбата за подобар стандард на сите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ