вторник, 14 јануари 2025

Руте: Време е да преминеме на воен начин на размислување, опасноста ни се приближува со голема брзина

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска предупреди дека Европа треба да одвои „многу повеќе ресурси“ за одбраната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Време е да се премине на воен начин на размислување“, рече генералниот секретар на алијансата, во својот прв голем говор по преземањето на функцијата во октомври.

Руте повика на поддршка од јавното мислење и чувство на пожртвуваност за „спречување на следната голема војна на територијата на НАТО“.

Апелот на Руте доаѓа во време кога украинските сили се повлекуваат на бојното поле соочени со поголемата и подобро опремена руска армија.

Според него, во војната во Украина, секоја недела се убиени или повредени повеќе од 10.000 луѓе од двете страни.

„Опасноста ни се приближува со голема брзина. Она што се случува во Украина може да се случи и овде“, рече Руте, додавајќи дека не постои непосредна воена закана за НАТО, но дека тоа не ја спречува Русија да се подготви за „долгорочен конфликт со Украина и со 32-те земји од НАТО“.

Според него, руската економија е на воена основа, додека во Европа земјите не сакаат да трошат повеќе за зголемување на своите одбранбени способности.

„Покрај Русија, Кина, Иран и Северна Кореја работат на ослабување на Северна Америка и Европа. Треба да останеме трезвени за амбициите на Кина значително да ги зголеми своите сили, вклучително и нуклеарното оружје, без ограничувања и нетранспарентно“, рече Руте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ