недела, 27 октомври 2024

Во израелски напад на Газа убиени шест странски хуманитарни работници кои доставувале храна

Во израелски воздушен напад се убиени шест меѓународни хуманитарни работници и нивниот палестински возач, соопшти организацијата Светска централна кујна (ВЦК). Според болничките податоци, настрадале тројца активисти од Британија, еден од Австралија, еден од Полска и двоен државјанин на САД и Канада.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Австралија потврди дека е убиена нејзина државјанка. Си-ен-ен имале увид во снимки на кои се гледаат повеќе тела со елеци ВЦК. Кај телата се снимени пасоши на Британија, Полска и Австралија.

Објавен е идентитетот на убиената државјанка на Австралија. Станува збор за Зоми Франком, менаџерка во ВЦК. Организацијата на крајот на март објави снимка на која 43-годишната Франком, родена во Мелбурн, зборува за оброците кои се спремаат за Палестинците во Појасот Газа, пишува Гардијан.

„Свесни сме за извештајот дека членови на тим на Светската централна кујна се убиени во напад на ИДФ додека работеле на пружање поддршка на нашите хуманитарни напори за достава на храна во Газа“, објави ВЦК на Икс. „Ова е трагедија. Активистите на хуманитарната помош и цивилите НИКОГАШ не би смеело да бидат мета. НИКОГАШ“, порача хуманитарната организација.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија на Телеграм вчера дека ги истражуваат извештаите. „По извештајот за персоналот на Светската централна кујна во Газа денес, ИДФ спроведува темелен преглед на највисоко ниво за да ги разбере околностите на овој трагичен инцидент“, се наведува во соопштението.

 

ВЦК е вклучена во доставата на помош за Газа, која од март со бродови од Кипар пристигнува во опустошената енклава. Организацијата ја презема и дистрибуцијата на помошта на луѓето во Газа.

Израел од 7 март, од упадот на палестинската милитантна организација Хамас на израелска територија, води војна против Палестинците со големи воздушни напади и копнена офанзива, со голем број цивилни жртви и катастрофална хуманитарна ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ