Новинската агенција ИСНА јавува дека во четири градови во провинцијата Кузестан температурата на воздухот била повисока од 50 степени.
Освен во Бостан, екстремно топло со температура на воздухот од 50,8 степени беше во Шуш, како и 50,4 степени во Дезфул и 50,3 во Абадан.
Рекордно висока температура од 66,7 степени Целзиусови во екот на овој топлотен бран во Иран беше измерена на 16 јули на меѓународниот аеродром во градот Аселује на брегот на Персискиот залив.
Термометрите надминаа 50 степени во градовите Илам, Умидије, Ахваз, Агакари и Рамхормуз.