Се очекува врвот на водениот бран да се достигне во раните вечерни часови.
Воден бран од Словенија вчера најпрво зафати делови од жупанијата Меѓумурје потоа и Вараждин. Вечерва протокот на Сава треба да биде на рекордно ниво.
Реката Купа во Карловац денеска од полноќ до 18 часот се искачи за речиси четири и пол метри, а според прогнозите на Хрватске воде до утре ќе се искачи на 563 сантиметри, сепак, таа ќе остане на ниво на подготвителна состојба на одбрана од поплави.
Дирекцијата за цивилна заштита на МУП во саботата навечер извести дека се воспоставени вонредни мерки за одбрана од поплави на реката Мура, мерната станица Мурско Средишче, од Подтурно до границата со Словенија.
Припадници на цивилната заштита на општините Неделишќе и Свети Мартин на Мура се на терен и поставуваат насипи на загрозените места, соопшти Дирекцијата.