сабота, 26 октомври 2024

Во Хонг Конг 14 борци за демократија се прогласени за виновни, им се заканува доживотен затвор

Комитетот на судии за национална безбедност, избрана од владата на Хонг Конг, 14 продемократски борци ги прогласи за виновни за кривичното дело „заговор за поткопување на државната власт“ во најголемото судење за националната безбедност „Хонг Конг 47“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Речиси сите осудени се поранешни политичари, а пресудата веднаш ја осудија групите за човекови права, пишува Гардијан.

Судењето, кое траеше десет месеци, заврши во декември, речиси 1.000 дена по апсењата. Меѓу осудените има и поранешни пратеници и активисти.

Единствените ослободени се поранешната советничка Лоренс Лау Ваи-Чунг и Ли Јуе-Шун, поранешен социјален работник. Ова се првите ослободителни пресуди изречени по кривично гонење согласно законот за национална безбедност од 2020 година.

Од вкупно 47 обвинети, 16 се изјаснија за невини. Тие беа уапсени на почетокот на 2021 година по масовните полициски рации во нивните домови и канцеларии. Повеќето од нив оттогаш се во затвор. 31 од нив ја признаа вината и сè уште чекаат правна завршница за своите случаи. Вкупно 45 лица се соочуваат со казни на доживотен затвор.

Во пресудата, објавена на интернет, се вели дека планот на групата бил да се добие мнозинство во Законодавниот совет на Хонг Конг со цел да се блокира буџетот и да се принуди на оставка власта доколку не се прифатат барањата на продемократското движење.

Обвинителните пресуди изречени во четвртокот главно беа очекувани, но пред судот поддржувачите плачеа. Стотици луѓе присуствуваа на рочиштето, а некои и преку ноќ чекаа во редици за да обезбедат место.

Инаку, репресијата на владата во Хонг Конг го остави градот без активна политичка опозиција. Многумина беа уапсени, а многумина избегаа во странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ