сабота, 26 октомври 2024

Во Холандија отворена најголемата градина со лалиња во светот, протестираа голи активисти (ФОТО+ВИДЕО)

Кукенхоф, најголемата градина со лалиња во светот во близина на Амстердам, ги отвори вратите на својата 75-годишнина и очекува стотици илјади посетители да им се восхитуваат на цвеќињата од седум милиони цветни луковици.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Лоциран во Лисе на западот на Холандија, паркот кој се простира на 32 хектари е засаден со милиони разнобојни лалиња и други цвеќиња и е популарна атракција во земјата. Минатата година му се восхитуваа околу 1,4 милиони посетители.

Отворањето на паркот ја поттикна и акцијата на еколошкото движење Екстинкшн ребелион, чии седум членови накратко протестираа голи пред портите на паркот против употребата на пестициди при одгледување луковици.

„Овие прекрасни, шарени полиња кријат огромна штета предизвикана од одгледувањето луковици. Инсектите, птиците и растенијата масовно умираат поради земјоделските токсини“, рече во изјавата Лидија Стеутел, портпаролка на Екстинкшн ребелион.

Градината Кукенхоф е основана во 1949 година од група одгледувачи и извозници на лалиња за да ги изложат своите производи. Покрај туристите од повеќе од стотина земји, привлече и монарси, а неколку кралеви и кралици од европските земји присуствуваа на гала-отварањата низ годините.

Оваа година, златно жолтото лале именувано во чест на кралот Карл Трети ќе биде една од атракциите на изложбата, која ќе биде одбележана и со концерт на холандската оперска пејачка Летиција Жерардс, по повод 75-годишнината на градината.

Оваа година градината ќе остане отворена до 12 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ