недела, 20 октомври 2024
Средба на министерката со директорот на Европскиот секретаријат за енергетика

Во фокусот е домашно проиизводство на струја, му кажа Божиновска на Лорковски

Фокусот на новото Mинистерство за енергетика ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава, му кажа министерката Сања Божиновска на Артур Лорковски, директор на Европскиот секретаријат за енергетика на средба во рамки на неформалниот состанок на земјите членки на Енергетската заедница, Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Грузија, Молдавија и Украина.

Објавено на

часот

Сподели

„На состанокот беа усогласени правилата за имплементација на интеграцискиот пакет за електрична енергија и оптимизацијата на алокација на прекуграничните капацитети за пренос помеѓу земјите. Тоа значи координирана пресметка на цените и движењата со цел пазарот да биде попредвидлив и полесно да се порамнува цената. Исто така се разговараше и за донесување на нов Закон за енергетика, за што на земјата ѝ е даден нов рок до 15 септември.

Министерката Божиновска на состанокот накусо ги објасни планираните проекти на новоформираното министерство кое има за цел да го зајакне овој сектор и притоа да ги намали на минимум можностите за корупција или злоупотреби. Токму корупцијата, како што посочи Божиновска, е причина што немаме значајни инвестиции во делот на енергетиката. Фокусот на новото министерство, објасни министерката ќе биде ставен на капитални инвестиции кои на долг рок значат стабилност во однос на производството на електрична енергија во земјава“, се вели во соопштението на министерството за одржаната средба со Лорковски.

Во соопштението се информира дека за насоките од Енергетската заедница за Македонија и моменталните состојби во однос на секторот енергетика, Лорковски на 8 јули треба да дојде и да го презентира извештајот пред македонските парламентарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ