недела, 20 октомври 2024

Во Еквадор уапсен шеф на озлогласен картел, членови на картелот пукале во војската и полицијата (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Вооружени напаѓачи за кои се верува дека припаѓаат на неговиот картел припукале додека полицајците го префрлале Хаиме во полициската управа. Во пукањето е повреден еден полицаец. Подоцна било пукано и во војниците распоредени да ја чуваат полициската станица каде осомничениот нарко бос е затворен.

Полицијата соопшти дека Хаиме С.Ц со себе имал 13.500 долари, чие потекло „не можел да го објасни“. Се проценува дека Лос Лобос (Волци) имаат 8.000 членови и е една од најмоќните криминални организации во земјата. Многу членови се во затвор, но бандата продолжува да дејствува од зад решетки и е обвинета за поттикнување на затворски немири во Еквадор.

Се смета и дека бандата е поврзана со мексиканскиот картел Халиско, за кој шверцува кокаин од Колумбија преку Еквадор во САД и Европа. Еквадор е зафатен со бран насилства во кој бројот на убиства се зголемил четири пати меѓу 2018 и 2022 година.

Даниел Нобоа, кој во четвртокот стана нов претседател на земјата, вети дека ќе се справи со шверцот на дрога и ќе ја извлече земјата од контролата на бандите. Тој уште првиот ден од стапување на функција ја укина политиката на дозволување поседување помали количества дрога, тврдејќи дека поттикнала микротрговија во училиштата и „создала цела генерација деца зависни од дрога“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ