недела, 27 октомври 2024

Во експлозија на автомобил-бомба во Москва ранет руски разузнавач (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во експлозија на автомобил-бомба во северниот дел на Москва се повредени вработен во руската воена разузнавачка служба и неидентификувана жена, објави весникот Комерсант.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека при детонација на неидентификувана направа се повредени две лица и дека е покрената истрага.

Автомобилот тојота ленд крузер експлодирал набргу откако разузнавачот и неименувана жена влегле во возилото, јавуваат руските медиуми со снимката од експлозијата.

Комерсант, еден од водечките руски весници, пишува дека повредениот работел во главната управа на руската разузнавачка агенција ГРУ.

Државната новинска агенција ТАСС пишува дека во експлозијата мажот останал без стапалото, а дека настраданата жена е неговата сопруга.

Безбедносна камера го снимила моментот на експлозијата. Снимката е вознемирувачка.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ