вторник, 26 ноември 2024

Во Џеда започнува мировниот самит за Украина, без претставник од Русија

Објавено на

часот

Сподели

Владата на Саудиска Арабија соопшти дека е подготвена да придонесе за постигнување решение кое ќе резултира со траен мир во Украина.

Кина, која не присуствуваше на претходната рунда преговори во Копенхаген, испрати специјален пратеник за евроазиски прашања, Ли Хуи, соопшти денеска Пекинг.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека средбата во Џеда е уште еден чекор кон мировниот самит на светските лидери.

Киев и неговите сојузници се надеваат дека ќе доведат до договор за клучните принципи за мирен крај на руската агресија врз Украина.

Русија нема да присуствува на состанокот, иако Кремљ соопшти дека внимателно ќе ги следи разговорите.

Украинските, руските и меѓународни официјални лица велат дека во моментов нема изгледи за директни украинско-руски мировни преговори.

На разговорите во Џеда пристигна и индискиот советник за национална безбедност Шри Аџит Довал, објави индиската амбасада во Ријад на социјалните мрежи.

Исто како Кина и Индија одржуваше блиски врски со Русија и одби да ја осуди за војната и го зголеми увозот на руската нафта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ