среда, 27 ноември 2024

Во Чешка ден на жалост за жртвите од пукањето на Карловиот универзитет во Прага

Денеска во Чешка е ден на жалост откако 24-годишен студент во четвртокот во пукањето на Карловиот универзитетот во Прага , уби 14 и рани 25 лица, потоа се самоуби.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот Петр Павел и други државни функционери се очекува да присуствуваат на мисата за загинатите во катедралата Свети Вит денеска во 11 часот, јавува Радио Прага Интернационал.

Знамињата ширум Чешка се спуштени на половина копје, а напладне ќе бијат црковните ѕвона и ќе се оддаде едноминутно молчење низ целата земја за загинатите.

Во Прага, како и во другите чешки градови, се засилени мерките на полициски надзор, а припадниците на полицијата патролираат по улиците пред божиќните празници, ги надгледуваат пазарите, трговските центри и други места каде се собираат голем број на луѓе.

Културните манифестации за време на божиќниот викенд се откажани, а сите јавни настани ќе започнат со минута молчење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ