недела, 27 октомври 2024

Во Чаир приведени две лица за марихуана и „прашкаста материја“

Полицијата во скопската населба Чаир приведе две лица кај кои е пронајдена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.10 часот на подрачје на Чаир, во заедничка и координирана акција, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје и Единиците за интервентна полиција и за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Г.(40) и Г.Ѓ.(32), двајцата од Скопје.

При преглед кај нив, кај М.Г. била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на Г.Ѓ., при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и предмет за кој постои сомнение дека потекнува од кривично дело кражба. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветни пријави“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ