вторник, 26 ноември 2024

Во Бугарија се урна воен авион за обука на пилоти, има загинати

Двајца пилоти-офицери загинаа во падот на авион со две седишта во воздухопловната база Граф Игнатијево во централна Бугарија, соопшти бугарскиот премиер Димитар Главчев.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Бугарскиот министер за одбрана Атанас Запријанов изјави дека офицерите кои загинале биле инструктори кои обучуваат пилоти, пренесува бугарската новинска агенција Новините.

„Починаа мајорот Петко Димитров и втор поручник Венцислав Атанасов. Едниот е роден 1973 година, а другиот 1996 година. Полетале во 12 часот и 17 минути, а несреќата се случила во 12 часот и 30 минути“, изјави тој.

Како што наведе Запријанов, авионот бил реновиран и полетал во технички исправна состојба.

Командантот Димитар Петров рече дека станува збор за долго планиран рутински тренажен лет и дека слична задача досега многупати била изведувана.

Поради падот на авионот, откажан е аеро-состанокот во Третата воздухопловна база, кој беше планиран за сабота по повод 20-годишнината од приемот на Бугарија во НАТО, соопшти ресорното министерство, додавајќи дека истрагата за несреќата е во тек, пренесува Ројтерс.

Воениот авион за обука Л-39 денеска се урна при изведување комплексен маневар на екстремно мала височина, пренесе бугарската агенција Новините.

За време на несреќата падобраните не се отвориле, со авионот управувале двајца пилоти. Како последица на падот на авионот избувнал пожар.

Претседателот на Бугарија Румен Радев претходно денеска учествуваше како копилот во демонстративен лет на борбениот авион Ф-16 во таа воздухопловна база.

Генералот Николај Русев од бугарското воено воздухопловство изјави дека авионот што се урнал не бил од воздухопловната база.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ