сабота, 26 октомври 2024

Во Битола бугарскиот клуб активен иако е избришан од регистерот

По повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, во бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во центарот на Битола се одржа приредба и покрај тоа што уште пред една година овој клуб беше избришан пд Централниот регистер. На фејсбук-страницата на овој клуб е објавено дека во Битола допатувал детски женски хор кој настапил со програма од бугарски песни.

Објавено на

часот

Сподели

Освен тоа во клубот се одржала и промоција на фотоизданието „Голема бугарска читанка или втор дел од бугарскиот буквар на наречје повразумително за македонските Бугари“ на Кузман Шапкарев од 1868 година.

Промоцијата ја организирале Здружението на македонските Бугари за меѓукултурна интеракција ‘Интеракција’, Воено-историската комисија, Сојуз на резервни офицери од Военото училиште Неговото Височество, ЗОО и патриотско државјанство 2024, а во присуство на генералниот бугарски конзул Николај Димитров.

На фесјбук страницата објавена е и снимка од настапот на детскиот женски хор, со дополнување дека „благодарение на женскиот хор ‘Евмолпеја’ од Пловдив, за првпат од 1944 година во живо се слушнале благословените звуци и зборовите на химната ‘Оди луѓе преродени’ по песни на Стојан Михаиловски (деец на ВМОРО) и музика на Панајот Пипков (член на македонско-одринското друштво Ловеш и роднина на Гоце Делчев)“.

Културниот центар „Ванчо Михајлов“ од Битола на 22 март 2023 беше избришан од Централниот регистер, откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на Михајлов, соработник на фашистите во Втората светска војна. Клубот беше отворен во април 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ