Во соопштението од Бигорскиот манастир се вели дека амбасадорот Гр со соработниците бил во посета на Свештената бигорска обител на Чесниот Претеча.
„Ценетите гости имаа можност одблиску да се запознаат со нашата милениумска Светиња. Во духот на манастирското гостопримство, амбасадорот беше пречекан од нашиот старец и игумен, епископот г. Пратениј, кој го запозна гостинот со евангелската мисија на нашето братство. На средбата беше разговарано и за општата состојба на христијанството и за улогата на црквата во современото доба, додаваат од манастирот.
Високиот гостин, од своја страна му заблагодарил на владиката Партениј за неговата благотворна улога во општеството, посакувајќи му понатамошно благоуспевање во неговата пастирска дејност, а владиката му заблагодарил на амбасадорот за посетата и за покажаната почит.
Амбасадорот Гир и неговата придружба имале можност да ја посетат и Бигорската книгохранителница и да видат дел од раритетните книги, како и да го разгледаат книжниот фонд“, се вели во соопштението од Бигорскиот манастир.