среда, 27 ноември 2024
Планирани напади врз еврејски институции во Европа

Во Берлин и Ротердам уапсени членови на Хамас

Четворица членови на палестинската милитантна група Хамас се уапсени под сомнение дека планирале напади врз еврејски институции во Европа, соопшти денеска германското обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

Тројца од осомничените се приведени во Берлин, а четвртиот во Ротердам, Холандија, пренесува Ројтерс.

Сите четворица се долгогодишни членови на Хамас и се тесно поврзани со раководството на воениот огранок на групата, тврдат обвинителите.

„Мораме да направиме се што можеме за да бидеме сигурни дека Евреите во нашата земја веќе нема да мораат да се плашат за својата безбедност“, изјави германскиот министер за правда Марко Бушман.

Европските официјални лица предупредуваа на зголемен ризик од напади на исламистите радикализирани од војната меѓу Израел и Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ