недела, 27 октомври 2024

Во Белград се судрија товарен и патнички воз, евакуирани се девет повредени (ВИДЕО)

Во подземен тунел под Вуковиот споменик и Панчевачки мост, во Белград, дошло до судир на патнички и товарен воз околу 18:30 часот.

Принтскрин: Јутјуб

Објавено на

часот

Сподели

Пожарникарите спасувачи успеале да евакуираат девет повредени и им ги предале на екипите за брза помош на понатамошно згрижување, соопшти министерството за внатрешни работи на Србија.

„Веднаш по примената дојава дека дошло до судир на патнички и товарен воз во тунелот меѓу Вуков споменик и Панчевачки мост на лице место излегоа силни полициски сили, како и 25 пожарникари-спасувачи со седум возила, имајќи предвид дека екипите на Итната помош не можеа да пријдат до местото на судирот“, наведе српско МВР.

„На лице место и понатаму се припадници на министерството за внатрешни работи и ги преземаат сите мерки и дејства од своја надлежност“, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.

За тоа што е причината за судирот нема официјални информации, а наскоро треба да почне увидот за да се утврди како дошло до несреќата, јавува Н1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ