недела, 10 ноември 2024

Путин: Се надевам дека Западот ги слушна моите предупредувања

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Западот ги „слушнал“ неговите предупредувања за можното одобрување на Украина да напаѓа руска територија со „западно оружје“.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ништо не ми кажаа за тоа прашање, се надевам дека слушнаа, бидејќи секако ќе биде потребно да донесеме одредени одлуки како одговор“, предупреди Путин во интервјуто објавено денеска на социјалната мрежа Телеграм од новинарот на државната телевизија Павло Зарубин, пренесува Тасс.

Украина бара дозвола да гаѓа цели на руска територија со ракети што ѝ ги дадоа западните земји.

САД досега одбиваа поради страв дека тоа би можело да доведе до директен конфликт со Русија.

Во септември, Путин предупреди дека ако Западот дозволи Украина да ја нападне руската територија со ракети со долг дострел, тоа би значело дека „земјите од НАТО се во војна против Русија“. Тој тогаш рече дека тоа ќе ја промени природата на конфликтот.

Русија верува дека, иако украинските војници би ги извеле овие напади, тие би биле подготвени од Западот, кој ги снабдува со оружје и разузнавачки информации што Киев ги нема.

Оваа пролет се чинеше како францускиот претседател Емануел Макрон да им ја отвора вратата на Украинците да го сторат тоа со изјавата дека треба да им се дозволи да ги неутрализираат воените локации од кои се истрелуваат ракети кон Украина.

„Во Европа, особено во малите земји треба да размислат со што си играат. Треба да запомнат дека тие често се земји со мала територија и многу густо населени“, изјави тогаш Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ