петок, 18 октомври 2024

Во автобус најдени парфеми, лекови, женски чанти, кафе…

Рано утрово на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници запреле автобус сопственост на компанија за превоз на патници од Косово. При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна документација.

Објавено на

часот

Сподели

Г.Ќ. (28) и Џ.М. (27), двајцата од Косово, се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело по член 278 Б и член 353 од Кривичниот законик, а увид извршила Единицата за економски криминал при СВР Куманово и по консултација со јавен обвинител автобусот со пронајдените предмети е одземен за понатамошна постапка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ