недела, 27 октомври 2024

Во Албанија 16 полицајци се под истрага поради овозможување нелегално преминување на границата

Службеници на граничната полиција на аеродромот Ринас во Албанија, поточно 16, се осомничени за вмешаност во корупциска шема на нелегално префрлање лица во државите на Европската Унија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството во Тирана соопшти дека полицајците, наводно во соработка со сопственик на туристичка агенција, една година овозможувале заминување на албански државјани во разни ЕУ земји.

Судот на еден граничен полицаец му одредил безбедносна мерка затворски притвор, потоа домашен притвор за уште тројца и обврска за јавување во полиција за уште четворица. Останатите осум не се под безбедносни мерки.

Граничните полицајци се осомничени за злоупотреба на службената полиција и пасивна корупција.

Групата била откриена откако претходно сопственикот на туристичката агенција, со кого претходно полицајците соработувале, пред неколку дена бил уапсен поради дрога.

Канцеларијата на обвинителството во Тирана кажа дека најмалку 200 граѓани нелегално преминале од аеродромот Мајка Тереза во земји од ЕУ.

Во еден случај дури било дозволен премин на малолетно лице без полномошно од родителите.

Групата која го овозможувала преминот наводно од секого добивала по 500 евра.

Таа незаконска активност, според обвинителството во Тирана, траела од март 2023 до март оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ