петок, 1 ноември 2024
Предупредување од ЦУК

Внимавајте на зони опасни по живот на Водно

ЦУК ја пренесува информацијата од фирмата Рапид Билд ДОО дека заради безбедност, движењето на граѓаните во близина на гасоводната делница Скопје – Гостивар ќе биде регулирано и тоа во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје – Тетово – Гостивар. Планинари и рекреативци, како што соопштуваат од ЦУК може да се движат на Водно и пристап не е забранет, но да внимаваат на сите знаци и предупредувања.

Објавено на

часот

Сподели

„Пристапот на Водно не е забранет но да се внимава на зоните кои се обележани со знаци за предупредување кои се поставени на самите планинарски патеки со дополнително врзани обележувачки ленти преку патеките. На патеките кои минуваат преку зоните на испитување фирмата треба да постави и лица за известување и предупредување“, соопштуваат од ЦУК.

Пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасоводво ќе се врши во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година и тоа на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни, на делницата од полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.

Во известувањето до ЦУК, Рапид Билд известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје – Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ