сабота, 19 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Уставни измени со одложено дејство како заштита од блокади

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да поддржиме уставни измени под бугарски диктат, бидејќи тие ѝ даваат алатка на Бугарија да не блокира и во иднина.

Наспроти можноста Бугарија да добие алатка за блокада, дадовме предлог како Бугарија ќе стане активно заинтересирана за напредокот на Македонија кон ЕУ, а тоа е преку уставни измени со одложено дејство, кои ќе стапат во сила со зачленувањето на Македонија во ЕУ. Со тоа Бугарија наместо да ја кочи нашата држава, ќе има интерес да го забрза процесот на интеграција. Покрај ова, овој предлог опфаќа и преодна влада без ДУИ.

Ковачевски и СДС добија и втор предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е избори оваа есен, а потоа која и да е партија во опозиција, да го поддржи следниот метод: барање гаранции од европските институции за македонскиот многувековен идентитет, историја и јазик, барање Бугарија да исполни барем три пресуди на ЕСЧП за правата на Македонците, барање за парична помош за македонската економија и граѓани во пресрет на ЕУ интеграцијата.

Зошто на СДС ѝ пречи заштита на македонскиот национален идентитет.

СДС и Ковачевски треба да сфатат дека само со нашите предлози се штити Македонскиот идентитет, но и се гарантира брза интеграција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ