среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски едно зборува претпладне, попладне дообјаснува, а навечер прави нешто спротивно

Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Пендаровски на 6 декември на пладне одговори дека не планира да се кандидира повторно за претседател на изборите закажани за 8 мај следната година, а веќе после еден до два часа да испратат соопштение од неговиот кабинет и да го дообјаснуваат. Или ова е случај на феноменот Стево го демантира Пендаровски, или некој насила го тера пак да се кандидира затоа што во СДС никој не се нафаќа да ги изгуби изборите.

Но едно е сигурно. Пендаровски не е човек од збор и нема свој интегритет. Едно зборува претпладне, се дообјаснува на пладне, а вечерта сосема спротивно прави. Најлошото е што целиот овој мандат Пендаровски од својата позиција го газеше достоинството на народот и на државата.

За тоа ќе биде казнет на следните избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ