среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е управуван од СДС и ДУИ

Пендаровски Стево без срам и перде денес вели дека никој не можел да го контролира. Да не е жално би било смешно. Пред само неколку месеци ги игнорираше граѓаните и експертската јавност и ги потпиша измените на казнениот законик изгласани од неговите газди од ДУИ и СДС, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова погази две свои ветувања кои ги даваше во кампањата во 2019 година. Тогаш велеше дека никогаш немало да ги заборави пораките ‘нема правда нема мир’, и дека немало да потпишува закони против интересите на граѓаните. Стево Пендаровски овие измени ги потпиша како ‘попче’.
И тој е директно одговорен за овој упад во правосудниот систем и ако имаше образ денес ќе им се извинуваше на граѓаните, а не уште и да се фали дека никој не го контролирал.
Господине Пендаровски вие сте просто управувани од ДУИ и СДС.
Пендаровски го изгуби целиот кредибилитет и интегритет. Тој со своите ставови и постапки го погази достоинството на функцијата, достоинството на народот и на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ