петок, 22 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо штури објаснувања, обвинителството да побара запирање на работите на надзорот за Коридорите 8 и 10д

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо штури објаснувања, ЈО да побара запирање на работите на надзорот и да спроведе брза истрага, која ќе гарантира дека парите на народот не се раскрчмуваат со матни зделки, и ќе санкционира секаква нерегуларност Власта го компромитираше целиот процес со надзорот. Со амин на Груби фирма која до вчера произведувала долна облека сега ќе врши надзор над проект тежок милијарди. Истиот тој Груби сега е назначен за координатор на проектот, а надзорот за кој постојат бројни обвинувања непречено почна да наплаќа милиони од државна сметка. Затоа секое непостапување на ЈО само ќе го загрози државниот интерес и парите на граѓаните, и тоа исто како и целиот процес ќе бидат дел од ревизија по промена на власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ