среда, 4 декември 2024

Косовската полиција негира дека ја преминала границата со Србија

Косовската полиција ги отфрли како неточни тврдењата на српските власти дека вооружени косовски полицајци неовластено ја преминале административната линија со централна Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за одбрана на Србија соопшти претходно дека група тешко вооружени косовски полицајци неовластени ја преминале административната линија во селото Чирковиќ во општината Лепосавиќ и ја обвини владата на премиерот Аљбин Курти за „обид за предизвикување инцидент и кршење на договорот“.

Косовската полиција наведе дека тврдењата во соопштението на министерството за одбрана на Србија „се невистинити и неодржливи“.

„Со самото тоа, овие објави и соопштението објавено на овој начин претставуваат дезинформација со цел да се создаде несигурност кај граѓаните на таа област и да се наруши угледот на работата на полицијата на Косово“, се наведува во реакцијата на косовската полиција. Министерството за одбрана на Србија со тврдење дека „неовластеното преминување на административната линија“ меѓу Косово и централна Србија е „опасна провокација и закана за мирот“, наведе дека војската на Србија ја следи состојбата на терени е спремна да реагира.

Косово и Србија имаат линија на разделување долга околу 350 километри и преку 60 отсто од оваа линија ги опфаќа општините на северот на Косово, каде живеат Срби.

Мисијата на НАТО на Косово Кфор е одговорна за безбедноста на административната линија меѓу Косово и Србија, додека косовската полиција е одговорна за другите граници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ