среда, 4 декември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ манипулира со верските и етничките чувства за покривање на сопствениот криминал

Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата. Нивната реакција е уште еден пример за манипулација со верски и етнички чувства  на ДУИ за покривање на сопствениот криминал, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по соопштението на ДУИ дека се против прогласување на Јени џамијата изградена на темелите на црквата Св.Ѓорги во Битола за Музеј на христијанската и исламската култура

Објавено на

часот

Сподели

„Правењето на фама околу Јени џамија е еден од класичните примери за тоа како ДУИ тоне во сопственото политичко мочуриште и си поигрува со верските чувства на граѓаните, притоа ставајќи етнички предзнак на работите отворено манипулирајќи со оваа тема.
Ова е уште еден пример како ДУИ злоупотребува верски и етнички чувства лажејќи и поигрувајќи си со вака сензитивни теми, за да го отргне вниманието за сопствениот лоповлук. Иако вистината е дека ниту на ДУИ му е вистински гајле за Јени џамија, ниту пак имаат некакво национално или верско чуство и толеранција.
Првите археолошки истражувања и ископувања на споменикот на културата Јени џамија започнале во 2003 година. Ова е период кога меѓудругото и ДУИ е на власт. Тогаш во внатрешноста на Јени џамија се откриени темелите на средновековната катедрална црка Св. Ѓорги.
Во 2011 година Врховен суд донел одлука Јени џамија да биде во владение на РМ, а и се доделува на користење на НУ Завод и музеј – Битола.
Министерството за култура и туризам од 2013 година до 2024 за завршување на овој значаен проект има издвоено 477.000 евра или 20.331.978 денари.
Од 2011 година до пред пет месеци ДУИ беше на власт 13 години и 13 години на ДУИ не му сметаше што Јени џамија е објект е споменик на културата, и истиот се користел како галерија. Цели 13 години тоа не било проблем за ДУИ што бил истражуван и кроистен за различни поставки.
И за да иронијата биде поголема за отворањето на музејот од страна на ИВЗ, поточно од муфтијата на реверс биле отстапени две свети исламски книги – Курани, кои што моментално се изложени во музејската поставка во објектот во кои е презентирано културното наследство на двете религии.
Апелираме јавноста да не подлегнува на артановските игри и бледи лудории на ДУИ и злоупотребата на вака сензитивни прашања за кои ДУИ е разоткриен и редовно си дава автоголови“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ