вторник, 26 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

Објавено на

часот

Сподели

„Дали организациската директорка на оваа клиника го има ангажирано својот татко како преведувач и доколку е тоа точно, дали за овој ангажман добива надоместок и која е сумата на истиот? Што презема организациската директорка Иљази за фактот што за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

Дали воопшто доаѓа на работа организациската директорка Иљази и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позизија?

Дали се точни информациите дека организациската директорка одбива да го потпише осигурувањето на опремата на Клиника за токсикологија и со самото тоа го загрозува функционирањето на клиниката како и го става на ризик животот на хоспитализираните пациенти и на вработените

Ваквото незаконие за среќа завршува. ВМРО -ДПМНЕ во Платформата 1198 се обрзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по комепетнтност и способност“, соопшти Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ