Мицкоски ќе презентира дел проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за парламентарните избори 2024 година „Платформа #1198“.
Првата програмска дебата ќе биде на тема „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“, а втората е на тема „Дипломатски хоризонти – Реформи во политичкиот систем, стратегии за надворешната политика и дипломатија посветена на ЕУ“.
Третата програмска дебата е за „Искористување на потенцијалот – Образование, култура, туризам и спорт за развој на државата“, додека четвртата е на тема „Нови стратегии за здравство и социјална политика – за поправедно општество“. Петтата и последна програмска дебата ќе биде на тема „Просперитетни заедници: Земјоделство, локална самоуправа и управување со животната средина“.
Oд ВМРО-ДПМНЕ утрово соопштија дека креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од редовните средби и дебати кои ВМРО-ДПМНЕ ги правеше низ државата во изминаиот период.
Проектите и решенијата се насочени кон луѓето кои се на прво место. Оваа програма е реална и остварлива со главен фокус кон економијата и животниот стандард. Платформа 1.198 нуди нова надеж и определба дека државата која е одземена од неодговорната власта се враќа кај народот.
Тоа е програма што го става граѓаниот на прво место, велат од ВМРО-ДПМНЕ.