вторник, 5 ноември 2024

Муртезани: На 18 ноември меѓувладина седница во Приштина

На 18 ноември делегација од Владата на Македонија, предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе претстојува во посета на Приштина, за билатерална средба влада со влада, најави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани.

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа седница, додаде Муртезани, се отфрлуват обвинувањата и клеветите од албанската опозиција дека новата влада е ориентирана кон Србија.

„Паѓаат во вода сите тие обвинувања од опозицијата, особено албанската. Таа се обидува да го покрие стравот од фактот дека е опозиција, продавајќи магла дека Северна Македонија е ориентирана кон Србија. Еве конкретен чекор на новата влада, ќе одиме во Приштина пред да одиме во Белград“, изјави Муртезани за „Лајм“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ