недела, 10 ноември 2024

Бројот на загинати во поплавите во Шпанија се искачи на 73, прогласена е тридневна жалост (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица загинаа во разорните поплави што ги зафатија југоисточните делови на Шпанија, по десетици исчезнати лица сѐ уште се трага. Валенсија и околните населени места беа најтешко погодени, поплавите зафатија и одредени делови на Кастиља-Ла Манча. Прогласена е тридневна жалост.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Расте бројот на загинати во разорните поплави што следеа по обилните дождови во југоисточна Шпанија. Најмалку 70 лица загинаа во Валенсија и околните области, две лица загинаа во провинцијата Кастиља-Ла Манча.

Во Валенсија, како и во Албасете и Куенка, сѐ уште се трага по десетици исчезнати лица. Спасувачите користеле хеликоптери за да ги извлечат луѓето од поплавените куќи. Се апелира граѓаните и понатаму да бидат внимателни.

Водата која течеше низ улиците ја достигна висината на првиот кат од станбените згради, многумина кои беа заглавени во своите автомобили се качија на покривите на возилата. Некои побарале помош и преку социјалните мрежи.

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, изјави дека инфраструктурата што беше уништена во поплавите ќе биде обновена и дека цела Шпанија сочувствува со сограѓаните кои ги бараат своите најблиски, пренесе Ројтерс. Санчез утре ќе отпатува за Валенсија.

Возовите од Валенсија до Мадрид и Барселона се откажани, а училиштата и другите институции се затворени во најтешко погодените области.

Министерот за територијална политика Анхел Виктор Торес најави дека на следната седница на шпанската влада најпогодените подрачја ќе бидат прогласени за зони на елементарни непогоди и прогласи тридневна жалост.

Ова е најсмртоносната поплава во Шпанија од 1996 година, кога 87 луѓе загинаа во мал град на Пиринеите.

Дождот престана во Валенсија, но се прогнозира дека бурата, која се движи, ќе трае до четврток, соопшти шпанската национална метеоролошка служба.

Шпанската државна метеоролошка агенција АЕМЕТ прогласи црвен метео аларм во источниот дел на регионот Валенсија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ