среда, 27 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе извршиме ревизија каде отидоа парите за неизградената фабирка за коли во Тетово

Официјално вчера се обелодени дека од помпезната најава за фабрика за електрични автомобили во Тетово нема да има ништо. Поточно не е баш ништо. Ќе остане една дупка среде ливада во ТИРЗ Тетово со 4 арматурни шипки, во која со сите церемонии и на фанфари, лопати фрлаа Ковачевски и пола влада на ДУИ и СДС во август 2022 година, непосредно пред повторените локални избори во Тетово, обвинија денеска во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

И како што бива со сѐ кога е во прашање власта на ДУИ и СДС и овој „грандиозен проект“ стана потемкино село. Се организираше скапа прослава, која веројатно е платена со народни пари, се изеде, се испи, се изнасликаа и на крај си заминаа по дома, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„После скоро две години нити почната изградба на фабриката, ни С од стратешка инвестиција, ни 130, ни 720 милиони евра инвестиција, нити 890 добро платени работни места, ниту 4.000 индиректни работни места, ниту 30.000 произведени електрични автомобили годишно, ни ефект на снежна топка, ни бутур. Сѐ што ветија Ковачевски, Деспотовски, Бектеши, Бесими, Груби, СДС и ДУИ, се излажаа. Купуваа време и лажеа, не овој петок, нареден понеделник ќе почне со градба, де тесна била парцелата, де широка била маркицата и на крај се пропадна. Но најстрашно е дали и каде заврши најавената државна помош за оваа голема лага“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ги повикаа надлежните институции „детално да го истражат случајот со државната помош за фабриката за електрични автомобили“ во Тетово.

„Доколку тоа не се направи сега, после изборите и промената на власта ќе се спроведе целосна ревизија на овој таканаречен проект и ќе се провери дали и каде завршил секој денар од народните пари“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ