„Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ своето делување ќе го базира исклучиво на законите, и злоупотреби како претходната влада во минатото со европското знаменце нема да се применуваат. Заклучок е дека граѓаните заслужуваат европска иднина, и таа мора да дојде што побрзо“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за содржината на разговорите на средбата со евроамбасадорот Гир.
ВМРО-ДПМНЕ има силна европска заложба, му кажа Мицкоски на Гир
„На средбата беше потенцирана силната европска заложба на ВМРО-ДПМНЕ како идна влада, што е еден од трите главни постулати на делување, покрај борбата со криминалот и корупцијата и забрзаниот економски развој. Државата мора да се трансформира во секое поле и да се подобри значајно животот на луѓето“, му кажал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на амбасадорот на ЕУ во Македонија, Дејвид Гир на средба во седиштето на партијата. На состанокот присутен бил и потпреседателот на партијата, Тимчо Муцунски.
Објавено на
часот