вторник, 22 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ го разреши Толомановски од Пештани фатен со кокаин

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид. Тој во најитен рок ќе биде и исклучен и од партијата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ откако портпаролот на СДСМ Дарко Каевски рече дека ова е вистинското лице на опозициската партија.

Објавено на

часот

Сподели

Додека јавноста го чека Мицкоски да одговори што разговарале, што договарале со Палевски, пукна нов скандал, и тоа со дрога, кокаин. Истакнат член на ДПМНЕ од Пештани и близок соработник на Мицкоски е фатен со кокаин. Како што информираше МВР, вчера на 9-ти декември во 2 часот и 55 минути е приведено лицето А.Т. заради поседување предмети со кокаин“, изјави Каевски.

По пријавата на МВР, Толоманоски е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања, реагираше веднаш ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос.
„Остро се спротивставуваме на секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност. СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„На 9 декември во угостителски објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е А.Т. (33) од охридското село Пештани. Тој е затекнат при употреба на кокаин,  а при извршен преглед кај него се пронајдени и одземени предмети со остатоци од кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти вчера МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ