„Засега она што може да се каже е дека преговорите се во напредна фаза, но сѐ уште нема конечен договор и сѐ до моментот кога ќе може да се соопшти, нема да соопштуваме никакви детали. Се разговара и за ресори кои се од економска и политичка природа, но најважно е тие да ги прифатат принципите на Владата и генералните програмски определби“, изјави вчера портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
ВМРО-ДПМНЕ ги демантира информациите за можниот состав на новата влада
Ја демантираме веста објавена на МКД.мк за можниот нов состав на владата. Сѐ уште не е постигнат конечен договор. Апелираме да не се шпекулира со какви било имиња и можни кадровски решенија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Објавено на
часот