вторник, 22 октомври 2024

ВМРО-ДПМНЕ е за лидерска средба за датум за избори, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада

Објавено на

часот

Сподели

„Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, од партијата бараат средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи, како што наведуваат, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор“, велат од партијата.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа на заедничката прес-конференција со потпретседателот на ЕК и висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел кажа дека денеска ќе упати покана за средба до сите претседатели на парламентарните политички партии, како и до претседателот на Собранието. Како теми за средбата ги посочи евроинтеграцијата, редовните претседателски и парламентарни избори, како и измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Пред неколку дена тој кажа дека форматот на средбата ќе биде ист како на претходната што се одржа во Собранието.

Извесно е дека изборите во 2024 за пратеници ќе се одржат во мај, а првиот круг од претседателските избори две недели претходно. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ