вторник, 26 ноември 2024

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да се вклучи во демократските процеси наместо да шири страв и манипулации

ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките на ДУИ за поттикнување страв за можна нестабилност доколку оваа партија не остане во власта. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

Објавено на

часот

Сподели

„Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за нивните вистински намери. ВМРО-ДПМНЕ, заедно со коалицијата на македонските Албанци ‘Вреди’, се залага за правда, транспарентност и вистинска застапеност за сите граѓани на Македонија. Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби. Нашиот фокус е поддржување на владеењето на правото, промовирање на единството и унапредување на интересите на сите граѓани, без разлика на етничката припадност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму ја повикуваат ДУИ „конструктивно да се вклучи во демократските процеси наместо да прибегнува кон тактики на страв и манипулации“.

„Иднината на Македонија е во единството, а не во поделбата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ