понеделник, 21 октомври 2024

Влегувал преку балкони во Скопје и крадел

Полициски службеници од ОКР Центар-Бит Пазар при СВР Скопје денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.В. (21) од Штип во врска со три кривични дела, од кои едно тешка кражба на дрзок начин и две тешки кражби во обид.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, Г.В. кривичните дела ги извршил влегувајќи во станови во Скопје преку балконите, и тоа на 15-ти, 20-ти и на 21 јули годинава, по што е лишен од слобода во ПС ОН Центар.

Денеска лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен кривичен суд Скопје, кој му одредил мерка притвор во траење од осум денови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ