среда, 27 ноември 2024

Владата вели дека работи на решавање на просторните проблеми на ФИНКИ

По денешниот протест пред Владата на професорите и студентите на факултетот Финки поради просторниот проблем со кој се судираат 5 илјади студенти од факултетот кој е најголем во Македонија, Ввладата издаде соопштение во кое уверува дека „активно работи“ на изнаоѓање решение.

Објавено на

часот

Сподели

„Во тек се активности за изнаоѓање привремено решение за да се обезбеди соодветен простор за организирање на наставата на Факулетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ), како и реализација на трајното решение“, соопшти попладнево Владата, посочувајќи дека за таа цел, преку Министерството за образование и наука, е во континуирана комуникација со раководството на Факултетот.

„Владата покажа дека е цврсто определена кон изнаоѓање решенија за какви било предизвици низ дијалог со сите засегнати страни и на тој начин е пристапено и кон ова прашање. Краткорочното решение ќе се дефинира на средба помеѓу претставници на Службата за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот за информатички науки и инжинерство при Универзитетот ‘Св.Кирил и Методиј’- Скопје, согласно владин заклучок“, соопшти владината прес-служба.

Владата ја разгледала Информацијата за обезбедување простор за потребите на ФИНКИ и веќе ја задолжила владината Служба за општи и заеднички работи, во соработка со Факултетот и во конкретен рок од три месеци, да разгледа алтернативни решенија, до реализацијата на трајното решение.

„Воедно, Владата информира дека е одлучна да обезбеди достоинствени услови за настава на студентите на ФИНКИ во предвидениот нов современ објект кој започна да се гради во 2015 година и активно работи на надминување на проблемот што се појави поради стечај на фирмата изведувач на градежните работи. Се очекуваат извештаите од ревизијата на проектот и проценката на извршените активности од договорот коишто се во надлежност на релевантни органи, по што веднаш ќе се пристапи кон избор на нов изведувач, што целосно и во ефикасна процедура ќе го изгради новиот објект на Факулетот“, наведува Владата во соопштение.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ