среда, 23 октомври 2024
На предлог на МТСП

Владата го утврди текстот на предлогот на законот за правда на децата

Владата денес го донесе предлогот на закон за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата. Со овој закон, како што е образложено од предлагачот, Министерството за труд и социјална политика, се стимулира зголемување на платите на вработените, како и намалување на трошоците за работната сила на работодавачите, со тоа што се прави законско регулирање на мерка за ослободување од плаќање на дел од придонесите од задолжително социјално осигурување.

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на предлогот на законот е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ, намалување на даночната евазија и неформалната економија, а со цел подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот развој на Република Северна Македонија. Владата, на предлог на Министерството за труд и социјална политика, го утврди и текстот на предлогот на закон за правда на децата. Се очекува, предложениот закон да допринесе кон остварување на најдобриот интерес на детето преку унапредување на правната рамка за правата на децата, како и кон унапредување на социјалната инклузија и недискриминација на децата во Република Северна Македонија. Со законот, како што е образложено, ќе се направи усогласување со директива на Европскиот парламент за процедурални заштитни мерки за деца осомничени или обвинети во кривичната постапка и со европски директиви за утврдување минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал“, соопштуваат од Владата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ