„Во делот за кадровки прашања, Владата одлучи да го разреши Бојан Лазаревски од должноста в.д. директор на Агенцијата за филм и за директор на Агенцијата за филм да го именува, Владимир Ангелов. Исто така, Владата одлучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да ја отповика Бујаре Абази, од должноста член на Управниот одбор – која носи назив генерален директор, а за член на Управниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје да го избере Идри Истрефи. На денешната седница разрешен е и Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.
За разрешувањето на Бујаре Абази и Газменд Абдија со изјави пред влезот на Влдата, претходно
информираа министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити, кои истакнаа дека е тоа затоа што се тие истакнати членови на Алијанса за Албанците кои го поддржуваат лидерот Арбен Таравари. Како што нагласи министерот Алиу, за разрешувањето гласале и двајца заменици министри од Алијанса за Албанците, кои се на страната на поранешниот лидер на партијата, Зијадин Села.
„На мојата забелешка како тоа тие две точки за директорите се најдоа на дневен ред без моја консултација како надлежен министер за такви прашања, Артан Груби само одговори дека така мора да биде, тие мора да бидат разрешени“, рече министерот Алиу и додаде дека тоа беше аминувано од техничкиот премиер Талат Џафери.
Алијанса за Албанците е под удар на ДУИ преку Груби, а со аминување на техничкиот премиер, додаде Алиу.