среда, 11 декември 2024

Нов конгрес на СДСМ, ќе се избира ново партиско раководство

Денеска во скопскиот хотел Александар палас Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе се избере ново раководство. Венко Филипче, по катастрофалниот пораз на партијата на последните парламентарни и претседателски избори, пред пет месеци стана претседател на СДСМ. Денеска на конгресот ќе се избира ново партиско раководство.

Објавено на

часот

Сподели

„Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата. Се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата, нови членови на највисоките тела, Централниот одбор и на Надзорниот одбор. На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти, а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Потоа продолжува работниот дел од конгресот“, информираше вчера Богданка Кузевска, портпаролка на СДСМ.

На конгресот треба да биде избран и нов заменик-претседател на партијата. Според Статутот на СДСМ потпретседателот на партијата го избира Централниот одбор, што значи дека прво треба да биде избран ЦО. Актуелна потпретседателка на СДСМ е Сања Лукаревска. Неофицијално, Филипче за заменик-претседател ќе ја предложи Фани Каранфилова-Пановска, која долго време е активна во граѓанскиот сектор, а беше и директор на Фондацијата Отворено општество-Македонија.

По последните несогласувања на истакнати членови на партијата со политиката на Филипче, извесно е само дека никој од актуелните звучни имиња на СДСМ нема да биде дел од новото раководство на партијата.

Со новите лица Филипче треба да ја консолидира партијата, да го врати и обедини членството, да ја преземе улогата на главна опозициска партија и да ѝ парира на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори, за помалку од една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ