петок, 18 октомври 2024

Витни Хјустон е шворц

Објавено на

часот

Сподели

48годишната пејачка, која успеа да се излечи од кокаинска зависност, наводно го потрошила сето свое богатство и сега финансиски ја издржува нејзината музичка компанија Ариста, од која добила аванс за нејзиниот следен албум.
„Богатството на Витни го нема. Неа ја издржуваат неколку пријатели од музичката индустрија и издавачката компанија ѝ даде одредена сума пари за следниот албум, но никој не знае кога тој ќе биде издаден… Таа досега ќе беше бездомник, да нема пријатели кои постојано ја спасуваат. Тотално е шворц“, изјави еден нејзин пријател за БЕНГшоубиз.
Витни е наводно во толку незавидна финансиска позиција што таа морала да ги моли своите пријатели за мали заеми.
Пријателот додава: „Таа се јави некому да побара 100 долари на заем. Тоа е толку тажно. Таа треба да има пари барем колку Мараја Кери, но нема“.
Во август 2001 Витни го потпиша најголемиот договор во музичката индустрија во тоа време со Ариста, обновувајќи го претходниот договор за нови 100 милиони долари за шест нови албуми. Од тогаш таа издаде само два, од кои последниот во август 2009.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ