Тој тврди дека нема конфликт на интерес по ниту еден правен основ. Со сопственикот и управител на друштвото Зеро оне солутионс ДООЕЛ сè до 25 октомрви 2023 година кога е основано друштвото Тридотс ДОО не сум имал никогаш деловна поврзаност, се вели во реакцијата на Рамадани на текстот „Има ли конфликт на интереси во грантот на ФИТР за Зеро-оне?“
Висар Рамадани: Зеро оне нема никаква врска со Тридотс
Проектот Зеро оне ЕРП на кој се повикува пратеникот Јован Јаулески е поднесен од друштвото Зеро оне солутионс ДООЕЛ. Тврдам дека ниту до моментот на објавување на Јавниот повик за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф од страна на ФИТР (10 мај годинава), ниту во текот на сите постапки сè до донесување на одлуката на Комитетот за одобрување на инвестиции (20 октомври 2023 година), јас не сум бил во никаков деловен однос со тоа друштво, што може да се потврди преку информација за поврзани субјекти од Централниот регистар на Република Северна Македонија, вели Висар Рамадани, надворешен советник во ФИТР.
Објавено на
часот