четврток, 12 декември 2024

Нов трипл-дабл на Јокиќ, наскоро ќе го помине Меџик Џонсон (ВИДЕО)

Денвер Нагетс ѝ го нанесе првиот пораз на Оклахома, совладувајќи на домашен терен со 124-122, а повторно прва ѕвезда на мечот беше Никола Јокиќ кој постигна нов трипл-дабл.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот кошаркар не заврши како најефикасен, но имаше фантастичен трипл-дабл, веќе четврти оваа сезона. Тој постигна 23 поени, имаше дури 20 скокови и 16 асистенции. Со тоа дојде до бројката од вкупно 134 трипл-дабл учиноци и му недостасуваат само четири да се израмни со Меџик Џонсон кој е на третото место на вечната листа во оваа статистичка категорија. Со оглед на тоа што по првите осум меча има четири трипл-дабл учиноци, на Јокиќ нема да му треба уште долго за да го помине легендарниот Меџик Џонсон.

Поефикасен од Јокиќ во составот на Денвер на овој натпревар беше Вестбрук кој даде 29 поени. Во составот на Оклахома, Вилијамс даде 29 поени, имаше 10 скока и 9 асистенци, Гилџес-Александер постигна 28.

Резултати:
Шарлот – Детроит 108-107
Индијана – Орландо 118-117
Атланта – Њујорк 121-116
Бостон – Голден стејт 112-118
Хјустон – Сан Антонио 127-100
Мемфис – ЛА Лејкерс 131-114
Њу Орлеанс – Кливленд 122-131
Далас – Чикаго 119-99
Денвер – Оклахома 124-122
Феникс – Мајами 115-112
ЛА Клиперс – Филаделфија 110-98
Сакраменто – Торонто 122-107

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ