среда, 4 декември 2024

Велешани незаконски издавале изводи за државјанство, наплаќале и до 800 евра по човек

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Велес, поднесе кривична пријава против 33 годишниот А.Б. и 30 годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување така што незаконски издавале изводи од матичните книги на странци.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за луѓе кои не се присутни во Македонија, односно за луѓе државјани на Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги.

„Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет“, информираа од МВР.

30 годишната А.С., пак, вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за луѓе кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство.

„Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ