петок, 18 октомври 2024

Виолета Танчева-Златева е добитничка на наградата „Антево слово“ 2022/2023

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти тимот на „Антево слово“, одлуката за наградата едногласно ја донесе жири-комисијата на „Антево слово“ 2022/ 2023 година во состав: Митко Гогов (претседател), Атина Цветаноска, Иван Антоновски, Александра Јуруковска, Жорж Поповски (членови) и Геро Ла Векија од Сицилија, Италија како надворешен соработник, по разгледување на повеќе од 120 пристигнати дела.

„И во оваа песна на Виолета Танчева-Златева, лирскиот субјект истовремено е и поетовото Јас и општочовечкото Ние, при што рафинираноста на поетскиот израз и овојпат се остварува и со авторска почит кон македонскиот литературен јазик која остава печат врз стилот на оваа поетеса. Песната се надоврзува на претходните творечки резултати на Танчева Златева и е уште едно камче од поетскиот мозаик што го гради со нејзините поетски книги објавени изминативе неколку години. Но тој мозаик е резултат на автентична поетика која е дел од естетската вертикала на современата македонска поезија“, пишува во образложението на жири-комисијата.

Славица Гаџова Свидерска за песната „Картографија на себеси е добитничка на втората награда, а Иван Иванов за песната „Сега и сетне“ и Омобоно Лила од Канада за песната „Голема е емоцијата“ се носители на третата награда, додека Лука Иванов за песната „Таворската светлина“ е добитник на наградата за млад автор.

Наградените автори ќе бидат застапени во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ