вторник, 23 јули 2024

Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во Триглав

Објавено на

часот

Сподели

Учета Дузлевска е генерален директор на Триглав осигурување живот веќе трета година, започнувајќи од октомври 2020 година. На таа позиција дојде после поминати три мандати во осигурителниот сектор на главна извршна позиција, во кои имаше клучна улога во развојот на животното осигурување на македонскиот осигурителен пазар. Компаниите под нејзино водство значително ја зголемија капиталната адекватност, пазариот удел, средствата под управување и профитабилноста. Таа имаше активна улога во динамичниот раст и развој на компаниите кои ги предводеше сите изминати години.

Триглав осигурување живот, под раководство на Учета Дузлевска, континуирано постигнува одлични резултати во сите сегменти од работењето. Благодарение на јасната визија, прецизната пазарна стратегија, посветеноста на клиентите и мотивацијата на вработените Триглав осигурување живот последните две години значително го зголеми своето пазарно учество, со што дополнително ја зацврсти својата позиција како една од водечките институции во земјата во доменот на банкоосигурувањето. Клиентската база е повеќекратно зголемена што ѝ ја донесе на компанијата лидерската позиција по бројот на продадени полиси, што заедно со повеќекратното зголемување на билансната сума, капиталот и профиталното работење ја прави оваа Компанија органски најбрзо растечка и прв избор на македонските граѓани во животното осигурување, последниве години.

Учета Дузлевска е добитник е на повеќе награди во земјава и странство за добри менаџмент практики и особени резултати во работењето. Таа е прогласена за еден од најуспешните бизнис лидери под 40 години на интернационалниот бренд „40 Under 40”. Од почетокот на 2023 година ја извршува позицијата претседател на EWBC.

Триглав осигурување со седиште во Република Хрватска е најголемата компанија ќерка на Заваровалница Триглав надвор од Република Словенија. Со седиште во Загреб, таа е композитна компанија која работи во доменот на неживотното и животното осигурување, присутна на хрватскиот осигурителен пазар веќе 56 години. Со својата долга традиција, таа делува на целата територија на Хрватска преку 8 подружници и повеќе од 70 продажни центри. Во 2022 година, оваа компанија на своето конто забележа премија од преку 94 милиони евра, билансна сума од 197 милиони евра и капитална база од 25,8 милиони евра.

Кој ќе го води Триглав осигурување живот во следниот период?

Успешното работење на Триглав осигурување живот ќе го продолжи новоименуваната директорка Христина Џамбазовска Анастасов, која по добивање на потребните одобренија ќе ја преземе функцијата генерален директор.

Џамбазовска Анастасов доаѓа од редовите на Компанијата и поседува долгогодишно менаџерско искуство во осигурувањето. Под нејзино водство спроведени се значајни стратешки проекти во реструктуирање на компанијата, а искуството во управување со осигурителните процеси и кадровите потенцијали ќе дадат значителен придонес во  идниот раст и развој на компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ